Утрински Весник
Балкан

Смени во владата на Рама

Rama.webp.webp

Албанскиот премиер соопшти реконструкција на владиниот кабинет „Рама 4“. Тој беше формиран во септември минатата година по мајските парламентарни избори.

Од владата заминува вицепремиерката и министерка за инфраструктура и енергетика, Белинда Балуку, која од Специјалното обвинителство за корупција и организиран криминал (СПАК) е осомничена за корупција. Нова вицепремиерка ќе биде Албана Кочиу, актуелна министерка за внатрешни работи.


Се формира Министерство за инфраструктура и енергетика, со кое ќе го раководи Енеа Каракачи. Ферит Хоџа, поранешниот амбасадор на Албанија во ЕУ, е назначен за министер за Европа и надворешни работи, функција на која е Елиса Спиропали.

Бесфорт Ламалари ја напушта функцијата министер за правда и ја презема функцијата министер за внатрешни работи, додека Тони Гогу е назначен за прв човек на Министерството за правда. Заминува и Пиро Венгу од Министерството за одбрана, кој ќе биде заменет од Ермал Нуфи.

Ерјона Исмаили е именувана за министерка за односи со Парламентот.

Можете да прочитате

Виновни четворица бизнисмени за скандалот со прислушувањата во Грција

Претседателот Вучиќ утрово го посети Дачиќ: Ситуацијата е нешто подобра

Дачиќ во животна опасност на механичка вентилација, следните 72 часа се клучни вели Др Поповиќ