Утрински Весник
Македонија

Сменети директори на четири клиники – Чибишев повеќе не е директор на Токсикологија

Img 3617.png

Министерството за здравство информира дека се именувани нови в.д. директори во четири јавни здравствени установи:

-На Универзитетската клиника за токсикологија за в.д. директор е именуван д-р Арѓенд Имери, на местото на д-р Андон Чибишев.


-На Универзитетскиот институт за клиничка биохемија за в.д. директор е именувана д-р Мимоза Бафќари-Бакији, на местото на д-р Николина Граздановска.

-На Универзитетската клиника за неврологија за нов директор е именуван д-р Игор Кузмановски, на местото на д-р Фатмир Меџити.

-На Универзитетската клиника за кардиологија за нов директор е именувана д-р Даница Петкоска Спирова, на местото на д-р Беким Поцеста.

Новоименуваните директори ја извршуваат оваа функција почнувајќи од 7.8.2025 година.

Можете да прочитате

Турски државјанин измамен во Гостивар за 2700 евра

Се најавува сериозен снежен бран на Балканот

Предлагачите на законот за заштита од пушењето не го слушнаа гласот на малите трговци