Утрински Весник
Македонија

Слупчане не попушта, во Арачиново денеска се завршува постапувањето на ЕВН за кражбите на струја да паднат на 10%

Слупчане не попушта, во Арачиново денеска се завршува постапувањето на ЕВН за кражбите на струја да паднат на 10%

Во кумановско Слупчане колективниот отпор за влез на екипите од ЕВН во селото трае, додека за компанијата, Арачиново е успешна приказна каде се модернизирала целата мрежа. Од ЕВН посочуваат дека имаат и индивидуални отпори при постапување на нивните вработени, додека овие како во Слупчане се ретки. Посочуваат дека сите вакви ситуации успешно ги надминуваат. На скоро сите локации каде има отпор, има и кражби на струја.

dobivaj vesti na viber

„Индивидуалните кражби секогаш се утврдуваат на терен, односно на лице место и се пријавуваат во МВР“, велат од ЕВН за „Макфакс“, додека на прашањето дали имаат асистенција од полицијата во Слупчане, тие додаваат: „Контуинирано ги известуваме МВР и добиваме одлична подршка. Министерот е лично ангажиран за брзо изнаоѓање на решенија во вакви ситуации“.

Во скопско Арачиново, екипите на ЕВН веќе работат на модернизација на мрежата. И во ова место имаше организирани жители кои не пуштаа претставници на селото да влезат и дојдат до системот за напојување.

„Во моментот нема проблеми. Имаме одлична подршка од градоначалникот и од сите надлежни институции. Денеска го завршуваме проектот во целото село и наскоро ќе излеземе со подетална информација за оваа успешна приказна. Пред започнување на проектот за реконструкција минатата година, кражбите во Арачиново изнесуваа 80%. Проектот е во завршна фаза и очекуваме загубите да бидат околу 10%“, додаваат од ЕВН за „Макфакс“.

Од компанијата посочуваат дека успешни проекти се веќе спроведени или се спроведуваат во најголемиот дел од Липковскиот регион, Арачиново, Грчец и други локации во општина Сарај, Визбегово, Сингелиќ, Равен, Гостивар, Прилеп, Битола.

Можете да прочитате

Екс-директорот Димовски најави одговор на наводите за злоупотреби во АНБ

(Видео) Молотов коктел фрлен во објект во Скопје

Северна Македонија на 51. место според Глобалниот индекс за мир за 2025 година