Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Словаците открија дека Шкринијар има големи здравствени проблеми

Словаците открија дека Шкринијар има големи здравствени проблеми
Img 7972

Дефанзивецот на Интер, Милан Шкриниар, отпадна од плановите на селекторот на Словачка за претстојните европски квалификации со селекциите на Луксембург и на Босна и Херцеговина. 28-годишниот дефанзивец ги пропушти последните пет натпревари на Интер поради болки во грбот, но сепак го прифати повикот во националниот тим. Но, откако беше прегледан од лекарите на репрезентацијата, стана јасно дека неговата состојба воопшто не е добра и не може да учествува на претстојните натпревари.

dobivaj vesti na viber

„Шкриниар ме контактираше пред околу еден месец, велејќи дека има болки во грбот. Во Милано почна со физиотерапија и медицинска нега, но тоа не помогна. Му направија магнетна резонанца која покажа дека има оштетување на интервертебралниот диск. Во моментов чувствува болки и при мирување. Не е во состојба да ни помогне за претстојните натпревари“, изјави докторот на репрезентацијата на Словачка.

Интересно е што Интер до сега не откри ништо за оштетување на интервертебралниот диск на играчот, но тврдеше дека има болки поради компресија на нервот. Сепак, очигледно дека здравствената состојба на Шкриниар во моментот е навистина проблематична.

Можете да прочитате

Барди со мајсторски потег ја спаси вечерта – Македонија ремизира со Казахстан!

Барселона ќе ја чека пекол во Битола – влезниците продадени за осум минути

Арената се полни, Македонија ќе го пречека Казахстан пред полн стадион