Утрински Весник
Свет

Словаците излегоа на протести низ земјата со барање за оставка на премиерот Фицо

20251217082237 big 730x400 17.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Илјадници луѓе синоќа се собраа низ повеќе градови во Словачка на протести против најновите потези на владата на премиерот Роберт Фицо, која се обидува да ја укине независната канцеларија за заштита на свиркачите и да го промени Кривичниот законик.

Протести се одржаа во десет градови, вклучувајќи го и главниот град Братислава, каде што собраните на Плоштадот на слободата на премиерот Фицо му скандираа „оставка, оставка“.

Незадоволството избувна откако членовите на владејачката коалиција, лојални на Фицо, минатата недела гласаа во парламентот за план за укинување на Канцеларијата за заштита на свиркачите, и покрај острите критики за потегот во Словачка и во странство.

Во друг контроверзен потег, парламентот гласаше за забрана на користењето докази собрани од осомничени кои соработувале со полицијата во замена за полесна казна. Според новите правила, таквите докази не можат да се користат дури и ако тоа лице дало лажна изјава во друг случај.

На еден транспарент во толпата пишуваше: „Владата на Фицо ѝ помага на мафијата“.

Можете да прочитате

Стармер: Разгледуваме испраќање војници во Украина

Хегсет одбива да објави видео од американскиот напад врз брод со дрога во Карибите

Напаѓачот од Бонди обвинет за 15 убиства