Утрински Весник
Свет

Словачка се извини поради гласањето за резолуцијата за Украина во ОН

Slovacka.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Владата на Словачка се извини поради гласањето во Генералното собрание на ОН за резолуцијата со која се осудува Русија, истакнувајќи дека се случила грешка.

Шефот на кабинетот на словачкиот премиер, Јурај Гедра изјави дека Братислава планирала да ја поддржи неутралната позиција на САД, но оти се случила грешка во комуникацијата. Тоа беше неуспех од наша страна. Сакаме да се извиниме за исходот и настанатото недоразбирање, посочи Гедра.


ГС на ОН на 24 февруари усвои резолуција поднесена од Украина и неколку земји-членки на Европска Унија, со која се осудуваше Русија, нејзината агресија е прогласена за кршење на Повелбата на ОН и се бараше повлекување на руските сили од Украина.

Словачката национална партија ја критикуваше Братислава и побара од премиерот Роберт Фицо официјално да и се извини на Русија и да спроведе истрага за „пропустот“. Исто така побара од шефот на словачката дипломатија да го преиспита претставувањето на Словачка во ОН.

И Србија претходно се извини за гласањето во ОН, нарекувајќи го грешка.

На крај, Советот за безбедност на ОН ја усвои резолуцијата предложена од САД, чиј коспонзор беше и Северна Македонија. 

Можете да прочитате

Трамп ја суспендира лотаријата за зелена карта

Грушко: Русија нема да прави компромиси околу НАТО во Украина

Кремљ: Правото и здравиот разум преовладаа во договорот на ЕУ за Украина