Утрински Весник
Македонија

СЛОБОДНО ПЛАНИРАЈТЕ ОДМОР ВО ПРВИТЕ ДВЕ НЕДЕЛИ ОД МЕСЕЦ СЕПТЕМВРИ: Ќе имаме натпросечно топло, како и претежно стабилно време

Ecmwf T850a Eu 31.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Почитувани, дојдовме до самиот крај на месецот август, последниот летен месец од годината. Со почетокот на новиот месец (септември) ни започнува  и климатолошката есен, кога ноќите се се подолги, а деновите многу пократки.

Оваа година, потврдувам дека ќе имаме продолжено лето, односно барем од она што може во моментов да се види на прогностичките модели, тоа е дека во првите две недели од септември месец ќе имаме натпросечно високи температури на воздухот, како кај нас во Македонија, така  и во останатиот дел од Балканот, но и во поголемиот дел од Европскиот Континент, што значи дека кај нас на Балканот, вклучувајќи ја  и нашата Македонијаќе има продолжено лето, но секако со попријатни температури на воздухот.

Времето ќе биде претежно стабилно и суво со многу сончеви периоди, но и покрај ова, повремено во попладневните часови би можела да се појави нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот, претежно во планинските предели.

Наутро сепак ќе биде прилично свежо со минимални температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 10 до 19 степени, преку ден температурите ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени.

Се на се, оние граѓани кои планираат одмор во првите две недели од месец септември, тоа можат слободно да го направат и да си го планираат истиот како кај нас во Македонија, така  и надвор од неа (во регионот).

Можете да прочитате

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор

Раде Штекли нуди плата од 3.000 евра – еве што се бара