Утрински Весник
Македонија

СЛЕДУВА СУВ СТУД: Температурите ќе паднат под -10 степени, ќе дува и силен северен ветер (над 60 км/час)!

850temp anom 20240127 00 066 660x330 1

За време на овој викенд, како и во првите денови од следната седмица, под влијание на студена воздушна маса од север температурите повторно ќе бележат тенденција на значително опаѓање и наутро ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -2 степени, но тие понекаде ќе се спуштат  и под -10 степени, особено во првите денови од следната седмица.

Сето ова ќе биде проследено со засилен ветер од северен правец, кој ќе биде најизразен Долж Повардарието и во источните предели од државава каде повремено ќе достигнува брзина од над 60 км/час. 

Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а локално ќе провејува и слаб снег.

Максималните дневни температури пак ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 8 степени. Во Скопје и околината ќе имаме слично време, променливо облачно и студено со сончеви периоди и со засилен ветер од северен правец.  Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот помеѓу -5 и 0 степени, а максималната температура ќе се искачи до околу 7 степени.

До самиот крај на овој, како и во почетокот од следниот месец некои нови обилни врнежи од снег не се очекуваат

 

Можете да прочитате

Одлуката за Груби предизвика бурни реакции, вината се префрла кон обвинителството?!

Поднесена кривична против битолчанец – пронајдена е дрога

Голем одрон после Катланово – 24info.mk