Утрински Весник
Македонија

СЛЕДУВА НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: На повеќе места ќе има појава на врнежи и грмежи, како и локално невреме

Nevreme 1 1.jpg

Метео анализа на Славчо Попоски:

Почитувани мои, поради прилив на поладен воздух од север, и неговиот судир со многу потоплиот воздух кој се наоѓа над нашата територија, до крајот на денешниот ден, а особено утре (петок) како и за време на викендот во попладневните  и во вечерните часњови се очекува поголемо дестабилизирање на атмосферата.

До крајот на денешниот ден ќе има претежно изолиран развој на облачни нестабилни јадра кои ќе условат појава на пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот во зоната на нестабилност.

Веќе утре (петок) како и за време на викендот во попладневните и во вечерните часови на повеќе места се очекува развој на конвективни грмотевични облаци кои ќе условат појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни грмежи и електрични празнења  и со услови за појава на град.

И во делови од Скопската котлина ќе има развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Можна е  и појава на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни грмежи и електрични празнења  и со услови за појава на град.

Апелираме во случај на појава на невреме  и на електрични празнења да не се претстојува на отворењн простор  и под осамени дрвја.

Можете да прочитате

ТХП организираше Ифтарска вечера по повод Рамазан

Македонската интервентна полиција доби донација од спортска обложувалница

Вечерва во „Ноќно студио“ за конфликтот кој секоја минута носи нови закани и ризици