Утрински Весник
Македонија

Следува краткотраен продор на умерен топол бран од Африка!

Ecm1 72.gif

Денот (вторник 19 август) во нашата Република Македонија ќе ни донесе променливо облачно време со сончеви периоди, а услови ќе има само за изолирана нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утрото ќе биде посвежо со минимални температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 10 до 19 степени.Макималната температура пак ќе се искачува во интервалот од 27 до 33 степени, а во Скопје таа ќе се искачи до околу 31 степени.

Под влијание на стабилна, сува и значително потопла воздушна маса од југ, односно од Африка во периодот од среда (20 август) па до петок (22 август) времето во Македонија ќе биде претежно сончево и многу топло со температури кои насекаде кај нас ќе надминуваат 30 степени, а особено во Повардарието и во југоисточните предели температурите ќе надминуваат и 35 степени, односно тие ќе се искачат до околу 38 степени. Во Скопје и околината во погоре споменатиот период времето ќе биде стабилно, суво, сончево и многу потопло со максимална температура која ќе се искачи до околу 36/37 степени.


Особено во петок (22 август) ќе дува засилен ветер од западен и од југозападен правец кој ќе биде најава за нова промена на времето и за значително освежување кое ќе ни пристигне за време на викендот (сабота и недела 23/24 август). Детална метео анализа околу оваа нова промена на времето следува во следните мои метео објави.

Можете да прочитате

Николоски: На крајот од мандатот на оваа Влада, Македонија ќе биде лидер во инфраструктура во регионот

Се работи на проект за целосна реконструкција на автопатот од Демир Капија до српска граница и скопската обиколница

во рамките на Демант: Никогаш немало проект за тренирање на магариња во Erasmus+ програмата