Утрински Весник
Македонија

СЛЕДУВА ГОЛЕМО ЗАТОПЛУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО: Од недела температури и до 20 степени!

20200228100004 660x330 1.jpg

Метео анализа на Славчо Поповски:

Под влијание на топла воздушна маса со потекло од северните предели на Африка, во Македонија во следните денови ќе имаме значително затоплување на времето и голем пораст, како на минималните утрински, така и на максималните дневни температури на воздухот.

Времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, додека Долж Повардарието и во источните предели повремено ќе засилува ветерот од северен и од северозападен правец.

Наутро температурите на повеќе места ќе се спуштат до околу, или малку под нулата, а тие понекаде ќе останат и позитивни, што значи дека во следните денови утрата ќе бидат значително потопли. Особено топло преку ден ќе биде во недела, како и во почетокот од следната седмица кога температурите на многу места ќе надминуваат 10 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели локално тие ќе достигнат дури до 20 степени.

Во Скопје и околината очекуваме слично време, значително потопло и посончево во следните денови. Наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу -3  и -1 степен, а максималната дневна ќе се искачува во интервалот помеѓу 9 и 13 степени.

НАПОМЕНА: Температурите кои ги очекуваме во следниот период ќе бидат значително над просекот за овој период од годината, тие ќе бидат повисоки од нормалните за 4 до 8 степени. Искористете ја оваа пролет во зима, поради тоа што се поизвесно е дека по 10 февруари се враќа зимата  и снегот во нашите краишта.

Можете да прочитате

Мама Вероника моли за помош за нејзиното предвреме родено бебе

Се транспортира предметот „Пулс“ до Основниот Кривичен суд Скопје

Во Светиниколско регистрирани два пожари