Утрински Весник
Македонија

Следува големо заладување и обилни врнежи, следната седмица доаѓа и првиот снег

Meteoalarm.mk 30.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Под влијание на циклонска активност со центар над Џенова, во нашата Република Македонија следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и тие повремено ќе бидат обилни и поројни и проследени со локална појава на грмежи и со засилен ветер од југоисточен правец. Локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 20/25 литри на метар квадратен дожд).


И во Скопје  и околината следува период на променливо време со повремени врнежи од дожд и тие повремено ќе бидат обилни и поројни и со услови за појава на грмежи и со засилен ветер од југоисточен правец.

Во исто време од исток и од северосток кон нашата Република Македонија ќе продира значително поладен воздух и истиот ќе услови температурите да опаднат за околу или дури и за повеќе од 10 степени во споредба од оние температури кои ги имаевме во изминатите денови. Наутро минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 5 до 14 степени.

Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 20 степени. Во Скопје  и околината температурата ќе се искачува до околу 16/17 степени.

Ладно време за самиот крај на септември и за почетокот на октомври месец ќе имаме следната седмица со потпросечни температури на воздухот. По се изгледа дека планините во регионот  и во нашата Македонија во текот на следната седмица ќе ги добијат  и првите врнежи од снег за оваа сезона.

Можете да прочитате

Мицкоски: Шокирачки се политичките одлуки на Врховниот суд за модуларната болница, Ласкарци и редица други случаи

Каранфилова-Пановска: Мицкоски изнесе брутална лага на надзорната расправа за Алта банка, Обвинителството мора да постапи

Обвинителството ќе постапи ако утврди елементи на кривично дело за Алта банка, Савески не открива дали е отворена предистражна постапка