Метео анализа на Славчо Попоски:
Почитувани, како што и претходно најавив, следната седмица ладен бран од север ќе зафати најголем дел од Европскиот Континент, вклучувајќи го и Балканскиот Полуостров како и нашата Македонија и ќе донесе многу нестабилно време, со чести врнежи, грмежи и временски непогоди.
Температурите во текот на следната седмица во Европа ќе бидат многу пониски за разлика од сегашните и тие ќе бидат потпросечни за месец јули, а врнежите и тоа на Балканскиот Полуостров, како и во Македонија ќе бидат натпросечни.
Кај нас овој бран на ладен воздух ќе пристигне некаде кон крајот на следната работна недела. Инаку во текот на следната седмица во Македонија во попладневните часови се очекува честа појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе има појава и на ново локално невреме, проследено со поројни врнежи од дожд, силни грмежи и електрични празнења, силен ветер и со појава на град.