Утрински Весник
Македонија

СЛЕДНАТА СЕДМИЦА ГОЛЕМИ ТЕМПЕРАТУРНИ АНОМАЛИИ ЈА ОЧЕКУВААТ ЕВРОПА: Балканот и Македонија ќе бидат на удар на топлотниот бран “ЛУЦИФЕР”

1723127909 850temp Anom 20240808 00 132.jpg

Метео анализа на Славчо Попоски:

Следната седмица, и тоа почнувајќи од понеделник во Европа ќе има големи температурни аномалии. Од една страна, ние во Македонија, како и целиот Балкански полуостров ќе биде зафатен од топлотниот бран “ЛУЦИФЕР” и истиот ќе услови насекаде да има екстремно високи температури на воздухот кој на многу места ќе се искачат до околу, па  и над 35 степени.

Локално во регионот, како и во нашата Македонија температурите ќе се искачат до, па дури и над 40 степени.

Од топлотниот бран “ЛУЦИФЕР” ќе биде зафатен најголем дел од Европскиот Континент, особено јужна, југоисточна,  и југозападна Европа. Температурите ќе бидат значително над просекот, односно тие ќе бидат повисоки од нормалните дури и за повеќе од 10 степени.

Од друга страна, североистокот и истокот на континентот ќе биде зафатен од циклонска активност и од многу постуден воздушен бран кој ќе услови во овие предели да има врнежливо и невообичаено студено време за месец август.

Во нашиот дел од континентот и понатаму врнежите ќе бидат значително потпросечни, што значи дека сушата ќе ја имаме  и следната седмица, па токму поради ова, но и поради екстремно високите температури, останува зголемениот ризик од појава на нови шумски пожари, па затоа апелираме граѓаните да бидат крајно внимателни како се однесуваат со природата.

Можете да прочитате

Алармантни бројки: Секое десетто дете во Македонија умира поради загадениот воздух

Трагедија во Тетово: Мајка и четиригодишна ќерка пронајдени мртви во семејната куќа

Спасовски: Кредитот од Унгарија има недефинирани трошоци