Утрински Весник
Магазин

Слатко од дуња: Стар рецепт за највкусното слатко директно од полицата на баба

Dunja slatko.jpg

Детството и есента мирисаат на слатко од дуња. Веројатно и вас првата помисла кога ќе се каже слатко од дуња ви е топлината на домот на вашата баба или мајка, па доколку одамна не сте го направиле слаткото, имаме рецепт за вас.

Состојки: 1 кг дуња, 800 гр шеќер, 1 лимон и грст ореви по желба.

Подготовка: Дуњите исчистете ги и кришките ставете ги во два литра вода во која сте исцедиле лимони или 1 лимон (може и винова лоза) да не поцрнат. Во друга тава сипете 2 литри вода, па извадете ги само дуњите и оставете ги да се варат 6-7 минути.

Во друга тава се става шеќер и се додава околу 200-300 мл вода. Претходно сварените парчињата дуњи префрлете ги во тенџерето со шеќерот и варете до посакуваната густина на слатко.

Можете да прочитате

Розов шум“ може да го влоши сонот, особено кај децата

Домот ви мириса непријатно? Овие навики можеби се виновни

Месечината во Девица носи длабока љубов: Три знаци се особено среќни