Утрински Весник
Македонија

Скопското Обвинителство со најголема поддршка за новиот шеф на ОЈО ГОКК, а републичкото со најмала

Скопското Обвинителство со најголема поддршка за новиот шеф на ОЈО ГОКК, а републичкото со најмала

Новоизбраниот шеф на ОЈО ГОКК, Ислам Абази, најмногу гласови добил од скопското Обвинителство, каде што вкупно 24 обвинители гласале за него. Потоа, во Вишото обвинителство – Гостивар за него гласале 16 обвинители.

dobivaj vesti na viber

Во битолското Обвинителство добил 13 гласа. Во Вишото обвинителство – Штип седум обвинители му дале поддршка, а во републичкото има шест гласа.

„Вкупниот број гласови изгледа вака. Абази Ислам добил вкупно 66 гласа, Незири Ермин добил 64 гласа, Пауновска Деса има добиено 10 гласа и Русковска Вилма има 14 гласа. Комисијата за избори може да констатира дека изборниот резултат се однесува на Абази Ислам, кој добил 66 гласа. Во рок од 7 дена ќе биде именуван. Во согласност со законот, кандидатите имаат право на приговор, како и избирачките, кои треба да го достават до Советот во рок од пет часа од објавување на резултатите, па во рок од 12 часа ќе се донесе одлука. Ако има некоја незадоволна странка, може да има и управен спор“, изјавија од Комисијата, која ги спроведуваше изборите.

Можете да прочитате

Мечка во Отуње снимена како пребарува по тераса 

Разбиена криминална група со нафта: 13 лица осомничени за даночна измама и перење пари

ФФМ изрече најстрога санкција – Доживотно исклучување за играч на Шкупи