Утрински Весник
Скопје

Скопска игранка во Лабораториум по повод ослободувањето на Скопје

465937456 17899853688080645 7859849137626675179 N.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Културно едукативниот центар Лабораториум со низа активности денеска ќе го прослави денот на ослободувањето на Скопје.

Како што соопштуваат од Лабораториум, во 19 часот преку „Скопскиот квиз“ водителот Никола Наумовски ќе го „тестира“ знаењето на гостите за главниот град. Победникот ќе биде награден со 10 гратис пијалоци на игранката.

Од 20 часот, во халата на Лабораториум, ќе започне главниот дел на прославата наречен „Скопска игранка“. 

-Диџеите Зоран Ингилизов и Влашки ќе ги разиграат гостите со најубавите стари македонски шлагери и светски хитови од 50, 60, 70 и 80 години на минатиот век. За уште поубаво одбележување на празникот, учениците од ОУ „Лазо Трповски“ ќе имаат  изложба на цртежи на тема „Колку го сакаме Скопје“, стои во соопштението од Лабораториум.

Освен забавниот, оваа прослава ќе има и хуманитарен карактер. Лабораториум заедно со академското друштво „Делта Му Делта“ при Универзитетот Американ Колеџ Скопје, ќе организира и акција за донации во соработка со граѓанската организација „Конект“. 

Можете да прочитате

Шалтерите на ЈП Водовод и канализација – Скопје утре ќе работат од 7.30 до 15.30 часот

Пешак загина во сообраќајка во Скопје

Лишена е од слобода 40-годишна скопјанка која со возило усмрти пешак во Волково