Утрински Весник
Култура

Skopje Comedy со отворен повик за сите комичари и комичарки

Skopje Comedy со отворен повик за сите комичари и комичарки

На 9-ти Април во МКЦ Клуб Ресторан, Скопје Комеди организира вечер со отворен микрофон за сите кои сакаат да се пробаат на жешката сцена.

„Ова е отворен повик до сите млади и не толку млади, искусни и не толку искусни, талентирани луѓе кои сакаат да проверат дали се толку смешни колку што мислат дека се. Ги охрабруваме да се пријават на нашиот мејл со спремен краток комичен материјал и да се претстават пред најдобрата публика во Скопје и подалеку!“ – велат од Скопје Комеди.

„Ние веруваме дека кај нас има многу неоткриени талентирани луѓе кои имаат предиспозиции да станат супер комичари и да направат богата кариера, но немале шанса тоа да го покажат пред публика.“

На истиот настан со најнов материјал ќе настапи и еден веќе докажаниот, млад и талентиран македонски комичар кој живее и работи во Белград – Никола Шиља Стефановски кој во последните 6 години има повеќе од 500 настапи!

Билетите за целовечерниот настан се по цена од 400 денари и можат да се купат на веб страната на МКЦ и на билетарата на МКЦ или Кино Милениум.

Текстот Skopje Comedy со отворен повик за сите комичари и комичарки е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“