Утрински Весник
Скопје

Скопје утрово најзагаден град во Европа, седми во светот

Whatsapp Image 2024 12 19 At 08.57.03.jpeg
magla zagadenost vozduh soobrakaj

Скопје и утрово е меѓу 10-те градови со најголемо аерозагадување во светот. Според табелата на платформата за мерење на аерозагадувањето „Ај кју аир“, во 9 :45 часот главниот град се наоѓа на седмо место во светот и е најзагаден град во Европа.

Со вредност на нивото на штетни ПМ честички од 164 единици воздухот во Скопје е во категоријата означена со црвено како „нездрав“ воздух.


Листата на најзагадени градови ја предводат Дака (197) во Бангладеш, Лахор (180) во Пакистан и Делхи во Индија (174),

Од градовите во Европа, по Скопје, според загаденоста на воздухот се Сараево на 35 место, Букурешт на 36. место и Приштина на 37 место.

Изминатите денови главниот град е меѓу најзагадените градови во Европа и светот.

Премиерот Христијан Мицкоски вчера изјави дека единствен начин да се намали емисијата на штетни честички е во зимскиот период да се смени системот на затоплување домови. Тој рече дека се работи на тоа, но, оти е потребно време и пред се изградба на гасни централи.

– Ние работиме за да се изградат гасни централи. Еден од петнаесетте инвеститори е таков, заинтересиран да изгради такви гасни централи. Но, за тоа ќе треба време, најмалку две до три години за сето тоа да профункционира. За да се изградат топловоди можеби повеќе, можеби пет и шест години, рече Мицкоски.

Од Град Скопје деновиве информираа дека се спроведуваат засилени инспекциски контроли и се изрекуваат казни, Воедно обвинија дека од 14 институции здолжени за животната средина, само тие се на терен.

Можете да прочитате

Министерство за животна средина со повик до институциите, Град Скопје и општините да се справат со загадувањето

Денеска без вода делови од една скопска општина

Подигнати 55 кубни метри отпад од диви депонии во Чаир и Центар