Утрински Весник
Скопје

Скопје утрово најзагаден град во Европа и седми во светот

Aerozagaduvanje.webp.webp

Податоците од платформата за следење на квалитетот на воздухот IQAir покажуваат дека Скопје утрово е на седми најзагаден град во светот и прв во Европа.

Скопје има оценка од 169 AQI на скалата на порталот. Најзагаден град во светот утрово е Лахор во Пакистан со воздух кој е класифициран како опасен и оценка од 326.


По Скопје следен град од Европа на листата е Приштина на 13. позиција со оценка од 158.

Податоците од Министерството за животна средина и просторно планирање покажуваат дека најмногу ПМ10 и ПМ2,5 честички има во Лисиче, но и дека голема загаденост има и во Кавадарци и Битола.

И покрај екстремното загадување, голем дел од граѓаните не се откажаа од бадникарските огнови и тие синоќа гореа низ целата земја.

Можете да прочитате

Арсовска: Апелирам, Јавното обвинителство да не биде политички промотор на власта и да не биде инструментализирано како ПР на ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН

Скопје од 26 до 29 јуни ќе биде домаќин на Европското првенство во џудо за кадети

Водовод – Скопје најави стратешка и технички сложена интервенција за унапредување на водоснабдителниот систем