Утрински Весник
Македонија

Скопје добива прв електричен car-sharing систем

Carsharing5.jpeg

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Министерството за животна средина и просторно планирање денеска направија значаен чекор кон одржлива иднина, потпишувајќи писмо со намери со реномираната компанија ‘Avant Car’ за воведување на првиот 100% електричен car-sharing систем во Скопје.

Овој проект ќе овозможи граѓаните да имаат пристап до економичен и еколошки транспорт, со што ќе се намали загадувањето и сообраќајниот метеж. Поставувањето на полначи за електрични возила кои користат обновлива енергија е еден од клучните сегменти на проектот, а институциите најавуваат целосна поддршка за негова реализација.


Министерката за енергетика Сања Божиновска изјави дека овој проект е чекор кон модернизација на градот и подобрување на квалитетот на живот, додека министерот за животна средина Изет Меџити нагласи дека намалувањето на CO₂ емисиите е врвен приоритет.

Проектот предвидува поставување на инфраструктура за полнење електрични возила и обезбедување паркинг простори во неколку скопски општини. Оваа иницијатива има потенцијал да го позиционира Скопје како лидер во одржливата мобилност во регионот.

„ Денес го поставуваме Скопје на мапата на модерните градови кои не само што зборуваат за одржливост, туку и преземаат храбри чекори кон неа. Гужвите, загадувањето и зависноста од фосилни горива не се нешта со кои треба да се помириме. јавните институции и приватниот сектор можат заедно да создаваат проекти кои директно ја подобруваат секојдневната реалност на нашите граѓани. Електричниот ‘car sharing’ систем е и пример за тоа како технологијата може да биде на услуга на луѓето и планетата. Со вакви иницијативи, не само што го подобруваме квалитетот на живот, туку и градиме доверба кај приватниот сектор дека вреди да се инвестира тука” изјави министерката за енергетика Сања Божиновска.

„ Нашиот град долго време се соочува со последиците од урбаното загадување. Целта е на овој начин директно да влијаеме и да ги намалуваме емисиите на CO₂ и загадувањето, што е наш приоритет како министерство. Граѓаните ќе имаат можност за поекономичен транспорт, без компромиси за животната средина. Како Министерство за животна средина, нашата задача е да ги поддржиме ваквите иновативни решенија кои имаат директен и позитивен ефект врз животната средина. Овој проект е доказ дека е можно преку јавна поддршка и приватна иницијатива да создадеме поздрави урбани средини.” изјави Првиот Вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити.

„Со воведување и имплементација на Систем за споделување на автомобили со 100% електрични возила под името на брендот „Avant2Go” во Словенија, Хрватска и Австрија аа сега и во Македонија, делуваме како пионер за широко распространето спроведување на електричната мобилност и имплементирање на инфраструктурата за електрични возила, поттикнување на користење и споделување на електрични возила, рече Матеј Чер од групацијата Авант Кар

Реализацијата на проектот е предвидена да започне со обезбедување на јавни и приватни паркинг простори и поставување на соодветна инфраструктура за полнење во неколку скопски општини. На потпишувањето беа присутни и градоначалниците и претставниците на Аеродром, Чаир и Гази Баба. Паралелно, ќе се организираат активности за едукација на јавноста и промоција на придобивките од овој иновативен систем.

Avant car во Македонија ќе е дел од Групацијата на компании Avant car со седиште во Словенија, и која е меѓу водечките даватели на мобилност како услуга во Словенија, Хрватска, Австрија и сега Македонија.

Министерствата ја изразуваат својата подготвеност за соработка со општините, јавните институции и приватниот сектор за побрзо и поефикасно спроведување на оваа иницијатива, која има потенцијал да го позиционира Скопје како лидер во одржливата урбана мобилност во регионот.”

Оваа иницијатива ќе придонесе за подобрување на квалитетот на воздухот, намалување на сообраќајниот метеж и развој на модерни транспортни решенија кои се енергетски ефикасни и достапни за сите граѓани.

Можете да прочитате

Костадиновски со порака до политичарите да ги тргнат рацете од Уставниот суд

Забрана за движење на тешки моторни возила на повеќе патни правци

Петрушевски: Работата на Владата дава ефект кај граѓаните и работите се испорачуваат токму како што беа ветени