Утрински Весник
Македонија

Скопјанка влегла во домот на пензионерка во Чаир, ја нападнала и и’ украла пари

Скопјанка влегла во домот на пензионерка во Чаир, ја нападнала и и’ украла пари
Dik 300x250 mk

Триесет и деветгодишна скопјанка нападнала 80-годишна пензионерка и и’ украла пари.

dobivaj vesti na viber

Таа е фатена од страна на полицијата и приведена.

„На 06.03.2023 во 13.20 часот, полициски службеници од Полициската станица Чаир ја лишиле од слобода Ф.Е.(39) од Скопје. Таа се сомничи дека околу 11.30 часот физички ја нападнала В.Д.(80) од Скопје во нејзиниот дом на подрачјето на Чаир и ѝ одзела пари“, информираа од МВР.

Одземените пари биле пронајдени и вратени на сопственичката, а Ф.Е. била задржана во полициска станица.

По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Давкова по повод Светскиот ден на ромскиот јазик прими припадници на ромската заедница

Зајкова бара итни законски измени: Животот на пациентите не смее да зависи од бирократија

Се бара притвор за разбојник од Маџари