Утрински Весник
Македонија

Скопјанец осомничен за илегална трговија со кокаин

Скопјанец осомничен за илегална трговија со кокаин

Скопското обвинителство донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 37-годишен скопјанец откако полициски службеници во неговиот автомобил пронашле 1109, 93 грама кокаин. Дрогата била пронајдена при претрес на автомобилот на 13 октомври, при што полицијата пронашла и дигитална вага со траги од наркотична дрога.

dobivaj vesti na viber

Со ова постои основано сомнение дека осомничениот сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, имајќи ги предвид околностите кои упатуваат дека осомничениот би можел да се даде во бегство, да влијае врз постапката или да го повтори делото

Можете да прочитате

Обид за влез во затворена гостилница заврши со тешко претепување – двајца во притвор

Европската Унија и Република Турција: Стратешко партнерство во време на глобална несигурност

Транспаренси Интернешнл Македонија: 2025 година во знакот на тешки коруптивни афери