Утрински Весник
Спорт

Сколс: Катастрофа, мислев дека Јунајтед ќе победи со 5:0

Сколс: Катастрофа, мислев дека Јунајтед ќе победи со 5:0

Манчестер јунајтед и Севилја одиграа 2:2 на стадионот „Олд Трафорд“ во првиот натпревар од четвртфиналето на Лига Европа. Избраниците на тренерот Ерик Тен Хаг имаа предност од два гола.

dobivaj vesti na viber

Гостите израмнија во последните шест минути, кога сопствената мрежа ја погодија Тајрел Маласија и Хари Мегваер. Легендарниот играч за врска на Англија и Јунајтед, Пол Сколс го коментираше натпреварот.

„како е можно толку да го спуштат темпото на играта во второто полувреме. Тренерот не би смеел да дозволи да бидат задоволни со постигнатото. Кога сте во вакво четвртфинале, трабе да го завршите натпреварот. Требаше да биде 3:0, 4 :0 или 5:0. Претпоставувам дека мислеа дека е премногу лесно, како прошетка во парк“, рече Сколс и дополни.

„Не можете така да играте против Севилја, знаеме што направија во Лига Европа. Севилја не беше добра во првото полувреме, а Јунајтед беше толку добар што мислевте дека ќе победи со три, четири или пет разлика. Второто полувреме беше катастрофа. Севилја не притисна. Тоа беше само чудно второ полувреме“, изјави Сколс за „БТ Спорт“.

Можете да прочитате

Галатасарај убедлив против Јувентус, ПСЖ со пресврт го совлада Монако

Стартува плејоф фазата во Лигата на Шампиони

ЗОИ2026: Златото на Мејар прво за Швајцарија во слалом од 1948