Италијанскиот тренер Серхио Скариоло доби отказ од Виртус Болоња.
Како што пренесува добро информираниот кошаркарски новинар Емилијано Карчија, Скариоло повеќе не е тренер на славниот Виртус.
За оваа можност веќе пишуваа италијанските „Спортандо“ и “Република“, откако Скариоло на прес-конференцијата „удри“ по клупските челници.
„Целите и филозофијата? Тоа е прашање за раководството. Клубот го изгради овој тим и тие ми го дадоа мене. Ростерот го изгради управата на клубот и ние мораме да им оддадеме заслуга што можеа да изградат ваков тим со буџетот што го имаа. Сега на нас е да го направиме најдоброто што можеме“, изјави Скариоло и го налути Масимо Занети.
Уште претходно во медиумите се шпекулираше дека Серхио Скариоло ќе го замени Андреа Тринкиери на клупата, а дали тоа ќе се оствари и дали поранешниот тренер на Партизан ќе се врати во Евролигата ќе видиме.
Инаку, Серхио Скариоло е актуелен селектор на Шпанија. На Светското првенство со Шпанија замина како бранител на трофејот, но во Манила не успеа да дојде ниту до четврт-финалето.