Утрински Весник
Македонија

Скандалозен инцидент во Карпош: Маж се самозадоволувал во продавница пред две жени

Police Car Of Macedonia 06 Scaled 1.jpg

Во СВР Скопје, 44-годишна жена од Скопје пријавила вознемирувачки инцидент кој се случил на 4-ти октомври 2024 година околу 18:45 часот на подрачјето на Карпош. Според нејзината пријава, во објектот каде работела, во присуство на уште едно женско лице, влегло непознато машко лице кое се самозадоволувало.

Жената од веднаш ја известила полицијата, а службите на СВР Скопје започнале со преземање мерки за расветлување на случајот. Полицијата извршила увид и собирање на доказен материјал за утврдување на сите околности на инцидентот.

Можете да прочитате

Мечка шета низ Битола, Коњановски уверува: Надлежните се веќе на терен

Андоновски откри дека Македонија била мета на сериозен сајбер-напад врз владините системи

„Беше неочекувано, нè евакуираа на безбедно“: Андоновски откри детали за драмата на аеродромот во Вилнус