Утрински Весник
Спорт

Скандал го тресе снукерот – Кинези обвинети за местење натпревари

Скандал го тресе снукерот – Кинези обвинети за местење натпревари

Снукер се соочува со серизна истрага за наместени натпревари, а во центарот се играчи од Кина. Во оваа земја снукерот е еден од најпопуларните спортови. Светските медиуми пипуваат дека во тек е покренување на обвинение против десет играчи од Кина.

dobivaj vesti na viber

Светската асоцијација за билијар и снукер води истрага против десет Кинези, од кои двајца требаше да настапат на претстојниот Мастерс, поради „наводи за манипулирање со исходот на натпреварите поврзано со обложувалниците“. Сите тие се суспендирани.

На 27.октомври 2022 година, Лианг Венбо беше првиот што беше суспендиран од Светската асоцијација за професионални билијар и снукер. Тоа е единица која ги следи обложувањата во снукерот низ светот и добива доверливи информации од обложувачката индустрија за сомнителни активности.

На 11.декември минатата година, организацијата за снукер суспендираше уште пет кинески играчи: Лу Нинг, Ли Ханг, Жао Џијанбо, Баи Лангнинг и Џанг Бингу.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина