Утрински Весник
Македонија

Сити го совлада Јунајтед во градското дерби во Манчестер

444.webp.webp

Манчестер сити со пресврт го совлада Манчестер јунајтед 3-1 (0-1) во градското дерби попладнево во рамки на 27 коло во Премиер лигата.

Трите бодови со кои Сити го задржа чекорот со лидерот Ливерпул пред меѓусебната пресметка во следното коло на домашниот тим му ги донесе двојниот стрелец Фил Фоден.

Јунајтед поведе со голот на Маркус Рашфорд во 8 минута, пред Фоден да донесе резултатски пресврт во 56 и 80 минута.

Точка на победата на Сити стави најдобриот стрелец сезонава во Премиер лигата Ерлинг Халанд кој го постигна својот 18 премиерлигашки гол.

Манчестер сити е второпласиран на табелата со 62 бодови, еден помалку од лидерот Ливерпул пред големото дерби идната недела на „Енфилд Роуд“.

Можете да прочитате

Шекеринска ги обедини СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во чест на историскиот успех

Македонски автобус вечерва се излизга од автопат и удри во банкина во Србија

Мицкоски: Се надевам дека деновиве ќе имаме друга позиција од банките, целта е што пониска камата за бизнисот