Утрински Весник
Македонија

„Сите за Палестина” на средба кај Претседателката Гордана Силјановска Давкова: Мора да покажете вистинска солидарност со Палестина

Foto od sostanokot.jpg
Dik 300x250 mk

Претставнички од иницијативата „Сите за Палестина” денес остварија средба со Претседателката на Република Македонија, Гордана Силјановска Давкова, во нејзиниот кабинет.

На средбата директно ѝ ги пренесоа барањата на иницијативата и повикаа државното раководство да покаже јасна солидарност со палестинскиот народ.

За време на разговорот, се повикаа на изјавите на Претседателката по повод 80-годишнината од основањето на Обединетите нации, кога таа истакна дека мирот, климатската правда и меѓународното право се најголемите предизвици на современиот свет.
Во тој контекст, претставничките ѝ укажаа на претседателката дека недостига конкретна акција и почитување на меѓународните заложби на Македонија во овие принципи, а молкот на нашите меѓународни претставници во рамки на ООН и други мултилатерални организации е соучесништво со тековниот геноцид над палестинскиот народ.

Гласањето на Македонија да не се поддржи правото на самоопределување на Палестина и на палестинскиот народ е срамно, а впрочем и останатите гласања каде Македонија гласа воздржано или против Палестина се суштински различни од заложбите и историјата на Македонија.

Тие ја потсетија Претседателката на историската должност на Македонија, како држава со антифашистичка традиција и потписник на бројни меѓународни конвенции, да се заложи за почитување на меѓународното хуманитарно право и за прекин на страдањата во Палестина.
На крајот од средбата, активистките ѝ подарија пакет со киниги за мирот, хуманоста и за Палестина и ја повикаа да покаже морална и историска доблест во духот на човечноста и слободата.

Барањата на „Сите за Палестина” кои се упатени до Владата, Собранието и претседателката се:

Да го осуди геноцидот во Газа и да делува согласно ратификуваната Конвенција за спречување и казнување на злосторството „геноцид”;
Да почне да гласа во солидарност со палестинскиот народ на сите понатамошни гласања на ОН;
Повторно да ја признае Палестина;
Итно да ги прекине дипломатските односи како и економската, културната, образовната и спортската соработка со Израел;
Да се вклучи во доставувањето на хуманитарна помош во Газа;
Да ги уапси оние кои се гонат за извршување на воени злосторства штом стапат на македонска почва, притоа извршувајќи ги своите обврски како членка на Меѓународниот кривичен суд.

На средбата посочија дека солидарниот народ ќе продолжи да маршира и да организира акции за одговорност и солидарност: мир без слобода не постои, а правдата за Палестина останува предуслов за праведен и безбеден свет за сите.

Можете да прочитате

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Синдикатот на професионални војници наспроти министерот: Во МО и Армијата НЕ ПОСТОИ родова еднаквост

Безживотно тело на машко лице пронајдено на земјен пат во Чашка – познат идентитетот