Утрински Весник
Македонија

Бомба М75 поставена на автомобил во гаража на скопјанец, сопственикот добил заканувачки пораки!

Policija 3.webp.webp

Денеска (06.11.2025) во 02:41 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 01:00 часот, едно лице влегло во гаража од семејната куќа на Е.Р. на подрачјето на Бит Пазар, кој моментално е во Италија, а набргу потоа сопственикот добил порака со закана и со известување дека во неговото возило е поставена бомба.

Полициски службеници излегоа на местото и по преземени мерки кај неговото возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки е пронајдена бомба м75 врзана со жица на рачката на возачката врата.

Исто така, извршен е и преглед во друго возило „фиат“ со италијанска национална ознака, сопственост на неговиот брат А.Е., кој исто така, живее и работи во Италија, при што во гепекот е пронајдена една кутија со 100 куршуми кал. 7,62 мм за автоматско оружје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можете да прочитате

Кос: Охрабрени сме во Брисел од реформскиот скок на земјата, потврда дека Владата може да испорача

Моника Зајкова избрана за потпретседателка на Парламентарното собрание на ОБСЕ

Поднесено обвинение за Еуростандард Банка АД Скопје