Утрински Весник
Свет

Сите возови на Евростар до и од Париз прекинати поради откриена бомба од Втората светска војна

20250307115528 Big 730x400 94.webp.webp
Dik 300x250 mk

Сите возови на Евростар до и од Париз денеска беа прекинати поради неексплодирана бомба од Втората светска војна, откриена веднаш до пругата на париската станица Гар ду Норд.

Погодените линии се Лондон-Париз, Париз-Лондон, Брисел-Париз и Париз-Брисел, се вели во соопштението на железничкиот оператор. Сепак, возовите Брисел-Марне Ла Вале, Лондон-Брисел и Лондон-Амстердам сообраќаат нормално, додава Евростар.


Француската полиција го запре сообраќајот до и од станицата откако бомбата беше откриена на шините кои водат до терминалот за време на поправките во текот на ноќта, додаде Би-Би-Си.

Гар ду Норд е важен европски транзитен центар кој опслужува меѓународни дестинации на северот на Франција, главниот аеродром во Париз, и носи многу патници кои секојдневно патуваат во регионот.

Бомбите останати од Првата или Втората светска војна често се наоѓаат во Франција, но многу ретко на толку прометно место.

Можете да прочитате

Кина лансираше вселенско летало со тројца астронаути кон вселенската станица „Тјангонг“

Во Истанбул на 4 ноември состанок на министрите од исламските држави за мировниот план за Појасот Газа

Пентагон дозволи испорака на ракети „Томахавк“ на Украина, конечната одлука ќе ја донесе Трамп