Утрински Весник
Спорт

Сите возачи ќе имаат „Driver’s Eye“ камери

Сите возачи ќе имаат „Driver’s Eye“ камери

Во 2023 година сите возачи на Формула 1 ќе имаат минијатурни камери во кацигите, кои ќе им помогнат на ТВ гледачите да видат се што гледа „пилотот“ зад воланот на автомобилот.

dobivaj vesti na viber

Формула 1 потпиша договор со „Racing Force Group“, за користење на „Driver’s Eye“ во 2023 година.

ФОМ експериментира со овие камери во последните неколку сезони, а фановите и ТВ куќите се воодушевени од резултатите. Сепак, ФИА се сомнева дали овие камери ќе бидат опасни во случај на карамбол и удари на кацигата на пилотот.

Сега, сепак, тие сомнежи се отстранети. Во сезоната 2023, камерите ќе бидат минијатурни – ќе тежат само 1,43 грама, а дијаметарот на објективот е 8 милиметри, а камерата е поставена во внатрешниот заштитен слој на кацигата во нивото на очите на пилотот.

Можете да прочитате

Каратистите на Макпетрол освоија четири медали на балканијадата во Бања Лука

Меси се изедначи со Пеле по бројот на голови од слободни удари

Арсенал го доби лондонското дерби и повторно му избега на Сити