Утрински Весник
Балкан

Сите полициски комесаријати во Албанија добија нови раководители

20241218102622 Big 730x400 80.webp.webp

По изборот на нови директори на полициските управи во 12-те окрузи во Албанија, од денеска нови началници имаат и сите 48 полициски комесаријати.

-На конкурсот учествуваа 274 кандидати, а врз основа на проценка избрани се 48. Изборот е направен врз основа на конкурентност, стои во објавата на министерството во која се наведени и нивните имиња.


Ова е последователна реорганизација на полициските комесаријати, по доаѓањето на Илир Прода за генерален директор на албанската полиција на почетокот на октомври.

-Сите избрани директори и началници го поминаа процесот на проверка – ветинг, како и други неопходни проценки. Порачувам дека треба да бидат на ниво на нивната должност и тие и сите полициски службеници треба да разберат дека е крај на неодговорни полициски раководители и сите вработени, порача Ервин Хоџа, министер за внатрешни работи.

Хоџа на чело на МВР дојде на крајот на јули а на почетокот на октомври за нов генерален директор на албанската полиција го назначи Прода.

Можете да прочитате

Одреден притвор за екс началникот на белградската полиција

Во Турција приведени 42 службеници во општините управувани од опозицијата

Извлечени се рударите кои беа заглавени во рудникот Трепча