Утрински Весник
Култура

Сите лица на Горан Стефановски во КСП „Центар – Јадро“

Сите лица на Горан Стефановски во КСП „Центар – Јадро“

Денеска, на денот кога е напишано неговото „Писмо до внуката“ и кога неговата внука Калина ќе наполни 10 години, со почеток во 19 часот, КСП „Центар – Јадро“ организира трибина за Горан Стефановски.

dobivaj vesti na viber

Трибината ќе се одржи во просториите на КСП „Центар – Јадро“ (улица Алберт Ајнштајн 2, Центар) и е со наслов „Сите лица на Горан Стефановски“.

Со неа ќе се заокружат дискусиите за делото на истакнатиот драмски писател и есеист во текот на оваа година кога се навршија 70 години од неговото раѓање, но истовремено ќе се најави дека тие и воопшто вреднувањето на неговото творештво продолжуваат.

Настанот ќе почне со „Писмо до внуката“, со прочит од Благоја Чоревски – актерот што прв пред камера го прочита овој текст на Горан Стефановски по неговото објавување. Потоа, низ разговор на Иван Антоновски и Ана Стојаноска ќе се оствари осврт на сите лица на Стефановски – за неговото драмско и есеитичко творештво, но и за Стефановски како интелектуалец.

Покрај дискусијата, на трибината ќе се слушнат и фрагменти од последниот, тестаментален есеј на Горан Стефановски, „Искрата што се измолкнува“, со прочит на студентот на Факултетот за драмски уметности при УКИМ, Кире Ацевски, но и пораки од видеоматеријали со Стефановски.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“