Утрински Весник
Свет

Сиромаштијата во Аргентина достигна 52 проценти во првите шест месеци од владата на Милеи

20240927092753 Big 730x400 68.webp.webp

Процентот на луѓе кои живеат во сиромаштија во Аргентина се зголеми на 52,9 отсто во првите шест месеци од 2024 година под претседателството на десничарскиот либерален економист Хавиер Милеи, покажаа официјални податоци објавени вчера.

Како што пренесува ДПА, стапката е зголемена за повеќе од 10 проценти во споредба со втората половина од 2023 година, покажаа податоците објавени од националната агенција за статистика Индек.

Стапката на поединци кои ги исполнуваат критериумите да се категоризираат како сиромашни се зголеми од 11 отсто во последните шест месеци од 2023 година на 18,1 проценти во првата половина од 2024 година.

Портпаролот на претседателот, Мануел Адорни пред објавувањето на извештајот на Индек рече дека податоците „ќе ја одразуваат суровата реалност низ која поминува општеството“ како „последица на популизмот што ја подложи Аргентина на толку многу години несреќа и пустош“.

Портпаролот рече дека борбата против сиромаштијата мора да почне со борба против инфлацијата, наведувајќи го падот „од 25,5 отсто во декември на 4 проценти денес“.

Адорни рече дека „во првите девет месеци од владата“ имало рекордни заеми за семејни хипотеки и за инвестиции. „Најголемата законска реформа во историјата е спроведена и сега има очекување Аргентинците да имаат подобра иднина“, додаде тој.

Аргентина е зафатена од тешка економска криза. Милеи, кој ја презеде власта во декември, рече дека сака да ја оживее втората по големина економија во Јужна Америка со радикална програма за штедење.

Неговата влада неодамна укина илјадници работни места во јавниот сектор, ги намали субвенциите и ги заврши социјалните програми.

Критичарите велат дека програмата за штедење на Милеи втурнува многу луѓе во сиромаштија и ја става во опасност иднината на земјата.

Аргентина страда од обемен државен апарат, ниска индустриска продуктивност и голема сива економија што ја лишува државата од многу даночни приходи.

Можете да прочитате

Пет лица уапсени поради ритуално жртвување дете „за доброто на училиштето“ во индиската држава Утар Прадеш

Посетата на папата на Белгија во сенка на скандалот со сексуална злоупотреба од страна на католички свештеници

Позната инфлуенсерка од Турција паднала од петти кат и починала – прошталната белешка посебно загрижува