Утрински Весник
Свет

Сириските бунтовници ја гарантираа безбедноста на руските воени бази, според руски извор

Sirija Buntovnici 2.jpg

Сириските бунтовници, кои со својата молскавична офанзива го соборија претседателот Башар ал Асад „ја гарантираа безбедноста“ на руските воени бази во Сирија, изјави синоќа анонимен извор од Кремљ за руски новински агенции.

„Руските власти се во контакт со претставници на сириската вооружена опозиција, чии лидери ја гарантираа безбедноста на руските воени бази и дипломатски институции на територијата на Сирија“, наведе изворот.

Истиот извор претходно синоќа рече дека Асад со неговото семејство се наоѓа во Москва.

Можете да прочитате

Западни медиуми: Има многу работи кои би можеле да тргнат наопаку во спроведувањето на договорот меѓу Израел и Хамас

„Црн мраз“ ја парализира Германија: повеќе од 260 сообраќајки, затворени училишта и патишта

Индонезија евакуира 3.000 луѓе поради ерупција на вулканот Ибу