Утрински Весник
Македонија

Синoт на Горан Стефановски со јавни предлози: Време е за мали, но клучни промени во Македонија

345620345 947835899674675 1679192090409841303 n.jpg

Игор Стефановски, син на познатиот драматург Горан Стефановски, преку Фејсбук се обрати со отворено писмо до јавноста, во кое изнесе пет конкретни предлози за подобрување на секојдневниот живот во земјата.

„Не сакам да пцујам или да критикувам, туку да понудам решенија. Македонија мора да биде мојата силна точка“, наведува Стефановски, кој дел од животот го поминал во повеќе европски земји, но редовно се враќа во Скопје.


Неговите идеи се движат од практични до системски:

  • промена на временската зона, за земјата да има повеќе дневна светлина;
  • враќање на „зелениот бран“ на скопските булевари за полесен сообраќај;
  • хумано решение за кучињата скитници;
  • декриминализација на сите дроги за полицијата да се посвети на посериозни проблеми;
  • законска заштита на животната средина, со строги казни за уништување на природата.

Стефановски порачува дека малите и брзи промени можат да донесат големи резултати, а неговата цел е да се отвори поширока јавна дебата за иднината на земјата

Можете да прочитате

Активни пожари во Депонија Дрисла, Никуштак и Булачани, во селото Татеши и во населбата Еленкамен

Ангелов: Постојат сомнежи дека пожарот во „Дрисла“ е предизвикан намерно

Филипче од Париз: Потребен е проактивен пристап и политички консензус за напредок кон ЕУ