Утрински Весник
Македонија

Синот на Џафери и сопругата на Абази станаа обвинители

Џафери: Нема мнозинство за внесување на Бугарите во Уставот
Dik 300x250 mk

Барлет Џафери – синот на претседателот на Собранието, Талат Џафери и Албулена Абази – сопруга на шефот на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Ислам Абази станаа обвинители.

dobivaj vesti na viber

На седница на Советот на јавни обвинители Барлет Џафери денеска беше избран за обвинител во Основното јавно обвинителство во Гостивар, а Албулена Абази е избрана за обвинител во ОЈО Кичево.

Претседателот на Советот на Јавни обвинители, Антонио Јолевски кажа дека останува да се изберат уште десет обвинители.

Антикорупциската комисија во април минатата година доби известување дека Барлет Џафери успеал да се пријави на Академијата, без да ги исполни условите за тоа, поточно без полагање правосуден испит. Ова предизвика бура на реакции во јавноста. На прашањето за биографијата на Барлет Џафери, Јолевски рече дека целосната документација што е потребна за кај нив е важечка, а останатото не е во нивна надлежност.

„Макфакс“ пред три месеци пишуваше дека речиси 18 проценти од положените кандидати, кои се идни судии и обвинители, се синови, ќерки, снаи и сопруги на актуелни политичари, сегашни и поранешни судии и обвинители, по јавно објавената ранг-листа на Академијата за судии и обвинители „Павел Шатев“.

Можете да прочитате

Се апси низ Прилеп – меѓу уапсените бивши функционери и директори на болницата

Томовски: ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, апсолутен победник на локалните избори

Пандов: Осуденици се однесуваат како во хотел, државата ги чини по 1.000 евра месечно