Утрински Весник
Македонија

Синоќешните настани во Куманово треба да ги осуди секој граѓанин на оваа земја, вели Муртезани

Orhan Murtezani 1.jpg

Министерот за европски прашања и главен преговарач со ЕУ Орхан Муртезани ги осуди синоќешните настани во Куманово и оцени дека е можно тие да се предизвикани намерно со цел да создадат дестабилизација, а на полицијата е, вели, да ги истражи и разреши.

Ноќеска во Куманово беа запалени деловен објект на улицата „11 Октомври“ и три автомобили на улиците „Трст“, „Вардарска“ и „Никола Вапцаров“, од кои едното „фолксваген пасат“ било во сопственост на јавниот обвинител и поранешен министер од редовите на ДУИ, Џељал Бајрами.

-Мислам дека за тоа треба да кажат органите на редот и мирот, односно полицијата. Такви настани секако дека не помагаат, дека се можеби намерно дизајнирани да создадат инциденти, тензии, дестабилизации за кои што ние поголем период зборуваме. Секако дека и јас ги осудувам и треба секој граѓанин на оваа земја да ги осуди, бидејќи таквите настани не не водат напред, туку сакаат да не држат тука каде што сме, а и полошо да не вратат назад, вели Муртезани прашан во својство на претставник на коалицијата „Вреди“ која е дел од Владата, за коментар за синоќешните настани во Куманово.

Можете да прочитате

Од утре ќе се бојкотира наставата во ОУ „Лазо Ангеловски“

Перински: Без млади, нема иднина, ни за локалната самоуправа, ни за државата

Првиот човек на ФЗО поднел кривични пријави против шест директори на здравствени установи