Утрински Весник
Свет

Синг: Пентагон не гледа никакви индикации дека Русија се подготвува да примени нуклеарно оружје во Украина

20241120091958 Big 730x400 95.webp.webp

Министерството за одбрана на САД нема информации дека Русија се подготвува да употреби нуклеарно оружје на територијата на Украина, изјави синоќа Сабрина Синг, портпаролка на Пентагон.

-Не сме изненадени од ажурирањето на руската нуклеарна доктрина. Тоа е нешто на што тие алудираа… во последните неколку недели. Ова е истата неодговорна реторика што ја забележувавме и претходно, и, искрено, во последните две години. Ова е нешто што ќе продолжиме да го следиме. Но, немаме никакви индикации дека Русија се подготвува да употреби нуклеарно оружје на територијата на Украина, и не гледаме потреба да правиме промени во нашата сопствена нуклеарна позиција, изјави Синг на прашање од новинар.

Синг не се согласи со изјавата на поранешниот претседател Доналд Трамп дека последните настани го доближиле светот до Трета светска војна.

-Што се однесува до коментарите за ескалацијата и за можноста за поголема војна, не се согласуваме со тоа мислење. Сметаме дека Русија самата ја ескалираше оваа војна, вклучувајќи повеќе од 11.000 војници од Северна Кореја, изјави Синг.

Таа повторно нагласи дека САД не ја промениле својата политика во однос на користењето американско оружје од страна на Украинците за напади во руска територија, додавајќи дека администрацијата и понатаму ќе го обезбеди Киев со претходно ветената помош и во целосен обем.

Што се однесува до 7,1 милијарда долари што ни останаа и кои можеме да ги искористиме во рамките на претседателските овластувања за повлекување на оружје, ние настојуваме да ја искористиме целата сума што ја додели Конгресот. Единствениот начин да го направиме тоа е да се увериме дека нашите магацини се целосно дополнети и обезбедени со резерви. Како што нашите арсенали продолжуваат да се дополнуваат со потребната опрема, таа се повлекува од таму и се испраќа во Украина. Претседателот вети дека секој долар што го додели Конгресот ќе биде потрошен, изјави портпаролката на Пентагон.

Можете да прочитате

Биткоинот достигна рекордни 98.000 долари

Руте итно заминува кај Трамп

Бебето кое исчезна од породилиштето во Виена е пронајдено мртво во корпа за ѓубре