Утрински Весник
Спорт

Синер за првпат во полуфиналето на Вимблдон

Синер за првпат во полуфиналето на Вимблдон

Италијанецот Јаник Синер стигна до своето прво полуфинале на еден гренд слем, откако со 6:4/3:6/6:2/6:2 го совлада Роман Сафјулин, за кој ова беше прв настап на Вимблдон.

dobivaj vesti na viber

21-годишниот Синер губеше во претходдните четири пласмани во четврт-финалињата на гренд слем турнирите, но овојпат ја загуби концентрацијата накратко во вториот сет, за да стигне до доминантна победа. Во полуфиналето, тој ќе игра или со Новак Ѓоковиќ или со уште еден Русин, Андреј Рубљов. Синер минатата година на Вимблдон го намачи Ѓоковиќ, но загуби во пет сета.

Синер е најмладиот тенисер кој влегол во полуфинале на Вимблдон од 2007 година, иако тој рекорд ќе биде срушен веќе во среда, кога своето четврт-финале ќе го играат Шпанецот Карлос Алкараз и Данецот Холгер Руне.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина