Утрински Весник
Спорт

Синер се соочува со суспензија за Ролан Гарос и Вимблдон?

Sinner Nitto Atp Finals 2024 Sunday.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Светскиот тенисер број еден Јаник Синер може да биде суспендиран за Ролан Гарос и Вимблдон, па дури и ако Светската антидопинг агенција одреди пократка суспензија.

Италијанскиот тенисер уште во март беше позитивен на анаболичен стероид клостебол. Се правдаше дека тој не е виновен туку неговиот физиотерапевт. Забранетата супстанца се наоѓала во маста која ја користел тој за малата рана што ја имал на раката.

„ВАДА верува дека наодот за „без вина или небрежност“ не е точен според важечките правила. ВАДА бара период на неподобност од една до две години. ВАДА не бара дисквалификација на резултатите, освен оние што се веќе изречени од првостепениот суд“, се вели во соопштението.

Она што во овој момент е добро за Синер е што сослушување нема да има до февруари, што значи дека Италијанецот ќе може да учествува на првиот Грен слем сезонава, Австралија опен, каде што ќе има можност да ја одбрани титулата.

Ако Синер добие суспензија, тоа би било голем удар за неговата кариера, но има шанси да добие пократка суспензија доколку биде сослушан од Судот за спортска арбитража во Лозана.

Можете да прочитате

Гвардиола: Секој што ќе се врати со вишок килограми нема да оди во Нотингем

Алвеш купува португалски третолигаш – 24info.mk

ФИФА ранг-листа: Македонската репрезентација ја заврши 2025. на 66. место