Утрински Весник
Спорт

Синер се повлекува од Олимпијадата поради воспаление на крајници

Siner Vimbldon.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Тенисерот број еден во светот, Италијанецот Јаник Синер денеска соопшти дека се откажал од учеството на Олимписките игри во Париз.

Италијанскиот тенисер објави дека се повлекува од Игрите поради воспаление на крајниците.

„Со големо жалење морам да ве известам дека за жал нема да можам да се натпреварувам на Олимписките игри во Париз. По добрата недела тренинзи на земјена подлога почнав да се чувствувам лошо. Поминав неколку дена во одмор, но посетата на лекар откри дека имам хроничен тонзилитис и ме советуваа да не играм“, објави Синер на социјалните мрежи.

Синер рече дека е разочаран, ги поддржа и сите италијански спортисти.

„Големо е разочарување што морам да ги пропуштам Игрите бидејќи тоа беше една од моите главни цели за оваа сезона. Едвај ја чекав честа да ја претставувам мојата земја на ваков важен настан. Среќно на сите италијански спортисти, јас ќе навивам за вас од дома“, рече Синер.

Ждрепката за тенискиот турнир е утре во 11 часот, а првиот носител ќе биде Новак Ѓоковиќ.

Отворањето на ОИ ќе биде во петок во 19 часот и 30 минути.

Можете да прочитате

Гвардиола: Секој што ќе се врати со вишок килограми нема да оди во Нотингем

Алвеш купува португалски третолигаш – 24info.mk

ФИФА ранг-листа: Македонската репрезентација ја заврши 2025. на 66. место