Утрински Весник
Спорт

Синер ја одведе Италија до полуфиналето на Дејвис купот

20241122085052 Big 730x400 40.webp.webp

Светскиот тениски рекет број еден Јаник Синер му помогна на бранителот на титулата Италија да се пласира во полуфиналето на екипниот тениски турнир Дејвис куп, неофицијалното светско екипно првенство за мажи, кое се одржува во Малага, Шпанија.

Синер го доби својот сингл натпревар, а потоа забележа успех во двојки и ја предводеше Италија до победа од 2-1 над Аргентина во четвртфиналниот судир на натпреварувањето.

Во полуфиналето Италијанците ќе се соочат со Австралија во реприза на минатогодишното финале. Австралијците трета година по ред стигнаа до топ 4 на Дејвис купот.

Италија ќе биде фаворит против Австралија во саботното полуфинале, но избраниците на Лејтон Хјуит, кои беа поразени во последните две финалиња, ќе бидат подготвени за борба.

-Имаме толку богата историја во натпреварувањето и момците знаат дека е голема чест да се носат нашите бои, рече поранешниот светски рекет број 1, додавајќи: „Имаме солиден состав од околу шест момци кои играат на ниво веќе 3 или 4 години. Тие се справија добро. Јас сум супер горд на целиот тим“.

Првото полуфинале денеска ги соочува селекциите на Холандија и Германија.

Можете да прочитате

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига

Јамал потпишува нов договор со Барселона со откупна клаузула од милијарда евра

Вагнер со тројка во финишот ги шокира Лејкерси во Лос Анџелес