Утрински Весник
Свет

Песков: На Русија и требаат мигранти, Кремљ го поздравува нивното доаѓање

20241115212446 Big 730x400 74.webp.webp

На Русија и се потребни мигранти за развој поради неповолната демографска ситуација, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Проблемот е што имаме многу напната демографска ситуација. Живееме во најголемата земја во светот, но нè има малку“, додаде портпаролот на Кремљ.

На 12 ноември, Русија усвои закон со кој се забранува промовирање на начин на живот без деца, со цел да се поправи длабоката криза наследена од советската ера и значително влошена од конфликтот во Украина.

За да можеме динамично да се развиваме, да ги реализираме сите развојни проекти потребна ни е работна сила“, подвлече Песков.

Тој додаде дека руските власти можат само да го „поздрават“ доаѓањето на мигрантите во земјата.

Можете да прочитате

Најмалку тројца загинати при напади со дронови врз Москва и околината

СЗО прогласи вонредна состојба поради епидемијата на ебола во ДР Конго и во Уганда

Во Виена приведени 14 луѓе поради учество во пропалестински протест