Во првите 100 дена од владата, не само да се разговара туку и да се дојде до решение минималната плата да достигне 450 евра, вели за Телевизија 24 претседателот на ССМ Слободан Трендафилов.
Добро е тоа што премиерот најави средба и на заедничка маса ќе седнат трите засегнати страни, работниците, работодавачите и владата и ќе почне дебата за достоинствен минималец, додава тој и вели времето е ограничено а работниците се изморени од ветувања. Трендафилов вели, Работниците имаат минимални барања за минимален пристоен живот.
,,За жал работодавачите во приватниот сектор самите ја предизвикаа состојбата во која се наоѓаат денеска. Денеска за разлика од порано кога им велеа на работниците „ако ви се работи работи ако не ќе најдеме друг“ денеска немаат апсолутно никаков избор и самите ги качуваат платите.
Сакам да потсетам дека во приватниот сектор многу малку работници работат за мининална плата. Работодавачите во приватниот сектор не сакаат да го платат делот од колачот за државата. Тие им даваат пари на работниците, дали на рака, дали во плико, и државата треба да се погрижи овие пари кои се црни да не ја подгрева сивата економија од страна на работодавачите во приватниот сектор“, вели Слободан Терендафилов претседател на ССМ.