Утрински Весник
Економија

Синдикатот од Владата побара зголемување на платите во јавниот сектор за 14,2 проценти

Синдикатот од Владата побара зголемување на платите во јавниот сектор за 14,2 проценти

Синдикатите бараат 14,2 проценти да се зголемат платите во јавниот сектор и да се исплати регрес за годишен одмор.

dobivaj vesti na viber

Како што истакна претседателот на Сојузот на Синдикатите, Слободан Трендафилов по средбата во Владата, тоа што охрабрува е дека има поместување од Министерството за финансии и од Владата во поглед на нивните предлози и забелешки.

Сојузот на синдикатите смета дека со предлогот што го претставиле денеска ќе се надминат сите состојби и проблеми од изминатиот период кои биле наталожени.

„Прифатлив е моделот од две и пол години, за да добиеме методологија како во делот на минималната плата, со тоа што ќе имаме просечна плата по коефициент на сложеност, по истекот на две и пол години“, рече Трендафилов.

ССМ смета дека ако од септември се случи тоа, да почне примената на општиот колективен договор за јавен сектор, функционерските плати ќе треба да се вратат пред одлуката на Уставниот суд и зголемувањето на платите да биде како за нив, така и за работниците.

Синдикатите предложиле инфлацијата која минатата година беше 14,5 проценти, да биде основен параметар со кој ќе се зголемат платите на вработените во јавниот сектор, од најниската категорија на работно место до највисоката, Претседателот на државата и сите да добијат процентуално зголемување на платите.

Трендафилов по средбата објасни дека дискусијата се одвивала во насока на тоа дали да се земе како параметар зголемувањето на минималната плата од 12,55 или пак колку што е зголемена просечната плата 10,9 проценти.

Во среда, како што најави, продолжуваат состаноците во Министерството за финансии каде што ќе бидат претседателите на сите синдикати во Македонија и во најтесен круг ќе разговараат за можното решение.

„Решението мора да важи за сите подеднакво. Не можеме ние како претставници на работниците да дозволиме 78 проценти зголемени плати на функционерите да се зголемат за дополнителен процент. Нема да дозволиме функционерските плати дополнително да растат на ваков начин. Синдикатите се едногласни по прашањето, нема таков човек, нема таков синдикалец кој ќе потпише општ колективен договор на нивна штета. Предлогот е да се утврди на кој начин ќе пораснат платите. Ако се случи во септември, сите вработени во државата треба да знаат за колкав процент ќе им порасне платата. Нашето барање е 14,2 проценти да се зголемат платите во јавниот сектор и да се исплати регрес за годишен одмор во целиот јавен сектор“, додаде Слободан Трендафилов.

Можете да прочитате

Се подготвува новогодишната кошничка: Околу 600 производи еден месец ќе бидат по намалена цена

Годишен раст на зелените кредити од 7,4 % заклучно со септември 2024 година

Конференција „Управување со недостигот на работна сила во одредени занимања во Северна Македонија“