Утрински Весник
Македонија

Синдикатот на професионални војници наспроти министерот: Во МО и Армијата НЕ ПОСТОИ родова еднаквост

Armija Arm.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Независен синдикат на професионалните војници СО Скопје реагира:

Се замолуваат ” службите ” и најблиските соработници на министерот да го известат дека во МО и Армијата НЕ ПОСТОИ родова еднаквост !

ПОСТОИ само родова НЕеднаквост!!!

На хартија може да славите резолуции уште 125 години, но во реалноста има само НЕЕДНАКВОСТ, впишана и потврдена на хартија!!

Жените во Армијата се се уште жртви на нееднакви права во сите категории и меѓу професионалните војници,и подофицерите, офицерите и цивилните лица !

Многу работи не знаете што Ви се случува во министерството или едноставно така Ви одговара !

Освен наведените дискриминации , имате и нееднаквост во ист род :

– Жените вработени во МО ( цивилни лица ) одат во пензија со 35 години стаж!!

додека

– Жените вработени во Армијата ( офицери и подофицери и цивилни лица) одат во пензија со 38 години стаж!!

Дали носењето униформа, чизми и оружје е понеценето отколку сукња, штикли и пенкало ?!

А Вие пак славете си родова еднаквост ….итн.

#ВистинатаЗаАрмијата
#РодоваНЕеднаквост

Можете да прочитате

Трајковски: 20,9 милиони евра долг за пет локомотиви, прескапа авантура на Владата

Ахмети се закани со „План Б“ – Ако излезам на улица, нема враќање

Исплатени 336 милиони денари субвенции за 1.211 сточари