Утрински Весник
Македонија

Синдикатот на Одбраната повикува да се донесе Законот за вработените во одбраната што ВМРО-ДПМНЕ го блокира

1706616956 Unnamed File.webp.webp

Интегрален текст од соопштение за јавност на Синдикатот на одбраната и безбедноста

Почитувани,

Синдикатот на Одбраната и Безбедноста (СОБ), член на Сојузот на Синдикатите на Македонија (ССМ), кој е единствен репрезентативен синдикат за Јавниот сектор во Македонија, како социјален партнер на Министерството за Одбрана подолг временски период одржуваше преговори со Министерот за Одбрана, г-ѓа Славјанка Петровска, во насока на донесување на законско решение за вработените во МО (Закон за вработените во Министерството за Одбрана).

Преку социјален дијалог со Министерството за одбрана, Синдикатот на Одбраната и Безбедноста успеа да договори комплетно нов предлог Закон за вработените во Министерството за Одбрана, при што за прв пат се предвидени клучни права од работен однос за вработените во МО и тоа:

  • Исправување на дискриминацијата на работничките права, еден работодавач – три различни закони за разните групи на вработени,
  • Се воведува бенифициран стаж за вработените во МО,
  • Изедначување на правата за пензионирање со АРМ,
  • Пензионирање на вработените во МО со навршени 40 години стаж,
  • Основица за пресметка при пензионирање да бидат најдобрите 10 години,
  • Еднакви плати за исти работни задачи во МО и АРМ.

Министерството за одбрана е институција која секогаш уживала најголема доверба кај граѓаните.

Во таа насока а со оглед дека во Собранието на Македонија е во процедура донесување на Закон за вработените во Министерството за Одбрана, Синдикатот на Одбраната и Безбедноста (СОБ) ги повикува пратениците од сите политички партии, да ги надминат политичките надмудрувања и да дадат поддршка на горенаведените законски решенија предвидени во предлог Законот за вработените во Министерството за Одбрана, да го деблокираат донесувањето на истиот и со соодветни суштински амандмани да учествуваат во подобрување на предложеното законско решение. Со тоа ќе покажат дека донесуваат закони во полза на работниците, односно на вработените во Министерството за Одбрана.

Сметаме дека со донесувањето на овој закон кој е во согласност со принципите на земјите членки на НАТО Алијансата, ќе овозможиме подостоинствени работнички права, подобри услови за работа, како и подобар стандард на вработените во МО, со што ќе бидеме чекор поблиску до нашите колеги од ЕУ земјите во НАТО Алијансата.

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме