Утрински Весник
Македонија

Синдикатот на културата ќе одржи протестен совет пред Министерството за култура

20250421115030 big 730x400 67.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Синдикатот на културата денеска ќе одржи протестен совет пред Министерството за култура поради неисплатените плати и како што соопшти, обидите за непочитување на колективните договори.

– Повод за овој протестен Совет во проширен состав пред Министерството за култура и туризам е ударот врз достоинството на културните работници, ненавремените и јасни насоки за пресметка на плата од Министерството за култура, постојаните обиди за непочитување на колективните договори, што резултираше со доцнење на платите и оставање на вработените во културата за велигденските празници без пари, велат од Синдикатот.


Оттаму минатата недела реагираа бидејќи вработените во култура беа оставени без плата за време на Велигденските празници.

Од Министерството за култура и туризам соопштија дека вработените во институциите од областа на културата ќе ги добијат платите со потребното зголемување во првите два работни дена после празниците, а доцнењето било заради усогласување на платите.

– Причините за доцнењето се заради усогласување на пресметките за плати со Министерството за финанасии, информираа од Министерството за култура и туризам.

Од опозициската СДСМ вчера побараа оставка од министерот за култура Зоран Љутков поради, како што наведоа, хаосот што го направил во културата.

Можете да прочитате

Утрово најстудено во Берово со -2 степени, попладне дожд и снег на планините

Миланов најавува изградба на кафилерија и гробишта за миленици

До февруари се очекува да заврши рехабилитацијата на патниот правец преку превојот Пресека, најави Николоски